ОЧАЈНИ СПИНОВИ НА СДСМОВСКИТЕ НОВИНАРИ: Собирот на новинарите пред ЕУ го претстави како протест на Граѓанската иницијатива „За заедничка македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соочени со над 200.000 граѓани кои секојдневно протестираат низ цела Македонија, СДСМ и соросовите медиуми посегнуваат по очајни спинови каков што е овој денеска по доаѓањето на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

pljus

Имено, соросовиот портал „Плусинфо“ на главниот медиумски стратег на СДСМ, Бранко Героски, излезе со наслов дека наместо 200.000 луѓе, на Хан под прозорец му свиркале 200 луѓе.

Сепак, вистината е дека денешниот собир пред Канцеларијата на ЕУ се однесува на протестот на македонските новинари кои поради последните притисоци од СЈО кон ТВ НОВА му предадоа извештај на Хан за состојбата во медиумите во Македонија и побараа и средба со еврокомесарот.

И додека соросовите медиуми евтино спинуваат, во јавноста нема сомнеж дека 200.000 граѓани ќе го пречекаат комесарот Хан на протестите најавени низ 43 локации во цела Македонија кои денеска се очекува да бидат најмасовни и најгласни.

Овие протести предводени од Граѓанската иницијатива „За заедничка македонија“ започнуваат во 17 часот и немаат никаква поврзаност со собирот од поголема група граѓани кои протестираа против незаконскиот притисок од страна на СЈО, кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура и обид за замолкнување на слободните медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This