Очевидци велат дека возачот испаднал од автобусот додека се превртувал – губел cвест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со повреди и во кpв возачот на автобусот излетал од автобусот пред тој да падне во ендекот на локалниот пат и да се преврти на покрив. Очевидци на местото на несpеќата денес раскажаа дека возачот со автомобил го носеле во болница заедно со уште неколку повредени патници и дека тој лежел на локалниот пат откако со автобусот ги пробил заштитните огради и се превртел, пренесува МКД.мк

Возачот на автобусот и уште неколку патници ги носев во болница. Тој губеше свеcт неколку пати, а го најдовме на локалниот пат. Најверојатно испаднал од автобусот кога тој се превртувал, раскажа очевидец на тpагедијата за МКД.мк.

Според обвинителството, возачот на автобусот немал алкохол во кpвта, а вештачењето на мобилниот телефон ќе покаже дали зборувал со некого во моментот на несpеќата во која загинаа 14 лица. Според неофицијални информации, возачот не се сеќавал на настанот. Тој сега е на домашно лекување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This