April 24, 2024, 12:16 am

ОЧЕКУВАМЕ ЗАЕВ ДА ГО ОБЈАВИ ДОГОВОРОТ: За да можеме да се реагира на содржината пред да се потпише, потоа нема да може

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекуваме Владата да ги запознае пратениците со содржината на договорот за добрососедство, истакна пратеникот Антонио Милошоски во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, коментирајќи го договорот што Македонија би требало да го потпише со Бугарија.


-Очекуваме новата Власт да покаже дали ќе се држи до принципите што ги промовираше. Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров кажаа дека сакаат Собранието да биде дел од секоја поголема политичка одлука, каков што е случајот со договорот со Бугарија, а истовремено ја сакаат и поддршката од опозицијата. Очекуваме да го споделат договорот што Димитров најави дека е усогласен. Откако ќе се потпише истиот не може да се менува, затоа важно е пратениците да бидат запознаени со него. Гледаме дека договорот се уште се држи во тајност и тоа ни создава сомнеж. Како може Владата во Софија да разговара со пратениците во парламентот во врска со содржината, а Владата во Скопје да го крие, посочи Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This