ОЧЕКУВАЊАТА СЕ ПОТВРДИЈА: Volkswagen остана број 1 во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако најголемите производители на возила ги сумираа резултатите, се потврди она што се очекуваше – Volkswagen остана број 1 во светот. Според сопствените податоци германскиот авто-гигант лани ширум светот продаде 10,97 милиони возила, а Toyota за нијанса помалку – 10,74 милиони.

Значајно е и тоа што и двете компании забележаа пораст на продажбата – VW за 1,3 а Toyota за 1,4 отсто. И покрај тоа што се задоволни, од Volkswagen истакнаа дека лани не им беше цел да бркаат големи производствени рекорди туку да се фокусираат на понудата, што впрочем е стратегија која Toyota ја применува со години.

Сепак бројките што ги постигнаа се доволен индикатор за „здравјето” на автомобилската индустрија на глобално ниво, кое малку е нарушено со проблемите на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi која е на третата позиција со продажба од околу 10 милиони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This