ОЧИГЛЕДНО ИМАМЕ УШТЕ ШТО ДА „ПРОДАДЕМЕ“: Уcловите на Бугарија станаа уcлови и на ЕУ- унијата бара ceриозни отcтaпки од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Условувањето на Бугарија кон Македонија за добивање датум за старт на преговори, стана услов и за Европската унија, откако документот кој вчера го објави опозицијата, се појави и на страната на австрискиот парламент. Со ова станува јасно дека сега не само Бугарија, туку и унијата бара Македонија да се откаже од својот македонски јазик, малцинство и добар дел од својата историја. Универзитетскиот професор Александар Спасеновски синоќа во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа, вели дека одлуките на унијата се одлуки со кои се согласуваат сите земји членки.

-Очигледно е дека станува збор за став на Европската унија. Европската унија ги носи одлуките со консензус, документите кои што ги усвојуваат се резултат на консензус на земјите членки на Европската унија и како такви тие ги одразуваат ставовите на сите држави членки на ЕУ, изјави Спасеновски.

Власта ветуваше дека со потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, македонскиот идентитет останува заштитен, но ситуацијата не е таква. Спасеновски вели дека сега влегување во нов ќорсокак на односите со Бугарија.

-Потпишувањето на договорот за добрососедство очигледно е дека не ги премости проблемите од аспект на градење на добри пријателски билатерални односи. Повторно историјата на меѓусебните македонско- бугарски односи влегува во една зона на неизвесност, изјави Спасеновски.

Овој скандалозен документ кој го криеше власта вчера го објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој кажа дека ова е понижувачки договор, кој претставува поништување на македонската нација и правење нова т.н. северномакедонска нација. Димитров пак Николоски го нарече политички лешинар затоа што го објави договорот кој се криеше од граѓаните, а според кој Македонија ќе треба се откаже од својот јазик, малцинство и добар дел од историјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This