April 20, 2024, 12:17 pm

ОЈО ВЕЛЕС ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО СОСЛУШУВАЊЕ НА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ: Од понеделник сослушување на патниците и возачот од превртениот автобус!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со сообраќајната несреќа која се случи во неделата на автопатот Велес – Скопје, кај Кула, во која се преврте туристички автобус со македонски патници кои летувале во Грција, а во кој имаше повредени 27 патници и еден починат, во Основното јавно обвинителство во Велес, како што изјавија за МИА, поради здравствената состојба на возачот кој е во болница, ќе чекаат негово опоравување и од наредната недела ќе го сослушаат во врска со несреќата.

 

Како што изјави Славица Темелковски, основен јавен обвинител при ОЈО Велес, освен возачот, ќе ги сослуша и сите патници кои биле во автобусот кои се повредени или не се повредени.

– Чекаме да се соземат од немилиот настан и најверојатно од понеделник сите ќе ги сослушаме, по што ќе се изврши вештачење и анализи во врска со настанот. Откако сето тоа ќе се заврши ќе можеме да лоцираме кај кого е кривичната одговорност, изјави Темелковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This