April 26, 2024, 10:28 pm

ОЈО: Возачот на „Дурмо Турс“ не избегал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство ги негира тврдењата кои вчера протекоа во јавноста, дека возачот на автобусот кој се преврте во Ласкарци, го напуштил својот дом и избегал.

Од ОЈО, за ТВ21 велат дека лицето е достапно за нив. Во меѓувреме, сообраќајната полиција во Тетово, во текот на вчерашните контроли врз средствата за јавен транспорт, открила голем број нерегуларности. Откриени се три автобуси со расипани сопирачки и возач без возачка дозвола.

„Црвениот автобус“ на Дурмо турс инаку бил двојно осигуран за несpеќи за 59 лица во осигурителната компанија „Евросиг“. Сега семејствата на наcтраданите и повpедените ќе добијат парична отштета, а автобусот ќе заврши на буниште.

Повредените и семејствата на настpаданите во несpеќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите.

„Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување“, изјави Кадри Моринај.

За повpедените ќе се исплатат од 4.500 евра а за семејствата на настpаданите до 9 илјади евра.

„Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра“, додава Моринај.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс имал осигурување и според законот, во случај на несpеќа, на патниците им следува оштета. Дурмиш Белули сопственикот на „Дурмо турс“ го почитувал законот и ги осигурувал возилата, но затоа не одел далеку за техничките прегледи кои ги правел во фирмата во која тој е овластено лице – Авто мото здружение Гостивар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This