ОЈО: Постапка за изборни нерегуларности е отворена уште во 2016 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод објавените натписи, како и заради потреба од објективно информирање и избегнување на шпекулации, Основното јавно обвинителство- Скопје во денешното соопштение наведува дека во врска со изборни нерегуларности има отворено постапка уште во 2016 година.

ojo

– ОЈО Скопје во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без да објави податоци за нејзиниот тек за да не ја повреди тајноста што е обезбедена со закон, стои во соопштението.

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција скопското Обвинителство минатата година оформило предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело „злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања“ од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката, како што се додава во соопштението, се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи.

– Во рамките на постапката досега се преземени претходни дејствија, побарана и прибрана е материјална документација, релевантни писмени докази, а во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје се сослушани повеќе од 70 лица сведоци, се наведува во соопштението.

Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека во моментот кога ќе се стекнат законски услови ќе излезат со поконкретни податоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This