March 29, 2024, 10:27 am

ОЈО РАЗОТКРИВА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ:Отворен предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска, поранешен министер, адвокат…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање на фирми, подигање на кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање на нови фирми и купување на недвижен имот на подрачјето на град Битола.

osnovno-javno-obinitelstvo-640x494

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Перење пари од член 273 од Кривичниот законик.

Постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејствија за основање на фирми, подигање на кредити и пренесување на парични средства во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата се инвестирани во основање на нови фирми и купување на недвижен имот на подрачјето на град Битола.

Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издаде наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This