April 16, 2024, 10:29 pm

ОЈО СОУЧЕСНИК ВО РЕФЕРЕНДУМСКАТА КАМПАЊА НА ЗАЕВ: Јавното обвинителство сеуште не поднело кривична пријава против Заев за повикот на поткуп и плата плус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство се уште нема поднесено кривична пријава против Зоран Заев поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што Зоран Заев, јавно на митинг во Крива Паланка повика на поткуп при избори. Како што кажаа тогаш од партијата тоа е спротивно на членовите 160 и 162 од Кривичниот законик и тоа е казниво дело.

-Ја поднесовме Кривичната пријава од причина што Јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности кои што се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка односно не отвори постапка против Зоран Заев јавно допрен глас. Во склоп на Кривичната пријава го доставивме и видео материјалот на кој што се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша дека признава еден бизнисмен односно сопственикот на „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум. Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот па ниту Зоран Заев, рече Димовски на 18-ти септември.

Курир постави прашање до каде е со постапувањето околу кривичното дело поднесено до премиерот од страна на опозициската партија. Од таму кажаа дека кривичното дело од Основното јавно обвинителство Скопје е препратено во обвинителството во Куманово, како и дека тек следи проверката на наодите во пријавата, иако истата е поднесена пред 9 дена.

-Кривичната пријава за која прашувате беше поднесена во Основното јавно обвинителство Скопје од страна на ВМРО-ДПМНЕ. По нејзиното разгледување, истата е испратена на надлежно постапување во Основното јавно обвинитлство Куманово. Пријавата е заведена и е отворен предмет. Надлежен јавен обвинител презема дејствија за проверка на наводите во пријавата  и за утврдување на евентуална кривична одговорност, ни одговорија од Јавното обвинителство.

Премиерот Заев го прекрши делот поткуп при избори и гласање во член 162, став 1 го пишува следното:

-Во Кривичниот законик во посебна глава XVI се уредени забранетите дејствија што се однесуваат на кривичните дела против изборите и гласањето. Во рамките на оваа глава е уредено и прашањето за кое покажувате интерес.

Според овој член од кривичниот законик премиерот на Република Македонија откри дека бизнисменот Николај Влаканов сторил кривично дело по овој член.

-Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со Влаканов, инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се остваруваат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“, изјави Заев пред кривопаланчани.

Со својот апел пак во истиот говор премиерот и сам го прекрши овој член од кривичниот законик, како што тој кажа апелирајќи до сопствениците на фирмите да им дадат пари на вработените да им дадат пари на вработените за гласање на референдумот.

-Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почестете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, кажа Заев во Крива Паланка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This