ОЈО СО ДЕТАЛИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО МАЛА РЕЧИЦА: Двајца уапсени, еден загинат – ОЈО врши увид на лице место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во Мала Речица, веднаш по излегувањето од состанок во седиштето на ДУИ, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување, соопштуваат од Основното јавно обвинителство.

Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и Наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици, се вели во соопштението од ОЈО.

Дејствијата на Основното јавно обвинителство Тетово продолжуваат во континуитет се до целосно расветлување на настанот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This