April 26, 2024, 11:06 am

ОЈО УШТЕ НЕМА НАПИШАНО ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВОТО НА МАРТИН ЈАНУШЕВ: Цели осум месеци, обвинителството го чува случајот во фиока?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство по повеќе од 8 месеци не може да го состави обвинението за убиството на 28 годишниот скопјанец Мартин Јанушев, кој беше застрелан пред неговиот дом, во населбата Аеродром, јавува телевизија Алфа.

Извори на Алфа од истрагата посочуваат дека единствениот сведок кој по убиството, наводно посочил дека ноќта на 7 ноември лани, Филип Секуловски пукал во Мартин, ја повлекол изјавата, па оттука случајот не може да мрдне од мртва точка.

Од Јавното обвинителство за Алфа прецизно не одговорија до каде е постапката и зошто се уште нема обвинителен предлог, кога истражните органи тврдат дека случајот бил разрешен, со тоа што идентитетот на убиецот е познат, без разлика што тој е во бегство.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје се постапува по кривичната пријава. Во истражна постапка се преземаат во континуитет дејствија за да се утврдат факти. Испитани се сведоци и законските застапници на оштетениот. Осомничениот е се уште недостапен на органите на прогонот, велат од ОЈО за Алфа.

За Филип Секуловски има распишано меѓународна потерница, но на официјалната страница на МВР не стои за кое кривично дело се бара, дали потерницата е поради убиството на Мартин или поради тоа што тој е бегалец од Идризово каде беше на издржување затворска казна, а ден пред Јанушев да биде застрелан, Филип беше пуштен од затворот на слободен викенд, по што му се губи трагата.

Критичната ноќ неколку часа по ликвидацијата на Мартин, на социјалните мрежи беше посочувано лице како наводен извршител на ликвидацијата. Истиот тој беше поврзан и со фантомската агенција за обезбедување „Омерта“, но, овие наводи беа демантирани од истражните органи.

Чаршиската истрага, побрза од онаа на полицијата и обвинителството, ден по убиството на Јанушев го лоцираше и Филип Секуловски како наводен извршител на убиството, по нарачка на тајниот сопственик на „Омерта“. Две недели по шпекулациите обвинителството се одважи да распише меѓународна потерница по Филип, но до денеска никако да докаже дека токму Секуловски критичниот 7 ноември го повлекол орозот на пиштолот, нишанејќи во Мартин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This