ОЈО ЌЕ ОТВОРИ ИСТРАГА: По информациите за кражба на деца и подмитување при посвојување ОЈО ќе отвори истрага

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска потврди дека Основното јавно обвинителство ќе истражува дали во процесот на посвојување деца одредени лица од Министерството барале пари. Но, повеќе детали околу сето тоа не сакаше да даде.

– Јас не би коментирала истрага што ја води ОЈО. Сите информации што се побарани од нас и со кои располагаме ги даваме затоа што намерата ни е да имаме правна држава во која сите се чувствуваме безбедно и сигурно. Ако ова е така и се докаже, очекувам сите што биле вклучени во еден таков процес да одговараат, рече Царовска.

Околу тоа дали се води истрага за тоа каде завршуваат штитеничките од домовите за згрижување откако ќе се породат на Клиниката за гинекологија, за што интерес покажа и Народниот правобранител, Царовска сако кусо кажа дека за секоја истрага што ќе ја отвори ОЈО со основано сомнение ние МТСП ќе ги даде сите податоци на располагање.

Министерката кажа дека во извештајот на Народниот правобранител, се наведува оваа тема, но не се наведуваат докази.

– ОЈО по допрен глас може да отвори истрага и понатаму да соработуваме по однос на таа истрага. МТСП не е истражен орган и очекуваме надлежните институции да си ја завршат својата работа. Секое сомнение или јавно искажан збор дека некаде постои трговија со луѓе, деца … треба да се истражува. Институциите треба да го докажат тоа. Ние како Министерство стоиме и сме отворени и соработуваме со МВР, со Обвинителството и сите други надлежни служби, рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања по Инфо сесијата на МТСП и Фондот за иновации и технолошки развој за „#ОброкЗаСите“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This