ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: Сите што ја напуштиле Македонија биле неспособни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, со очајнички потези и срцепаратели исповеди се обидва да ја натера опозицијата да гласа за Северна во Собранието, односно ги убедуваше да гласаат за отворање на уставот и за уставни измени, како би се подобрила општествената клима во државата.  Богоевски,  се смета за дел од промашената македонска генерација.

Кога бев во основно и во средно со задовлство ги слушав постарите како зборуваат за деновите поминати во Југославија. Јас немам со ништо да се пофалам до сега. Имам сеќавање за чекање и ништо повеќе. Уште како дете знаев дека чекам некаде да не примат. Моите другари и другарки, најголем дел од нив се отселија, додека оние што останаа се уште чекаат. Во моето одделени од средно бевме 31 ученик, минатата година славевме 13 години од матура. Се собравме сите кои бевме во Македонија. Знаете колку бевме? Само тринесет. Од 31 останавме 13-мина да се обидеме тука да направиме живот – рече Богоевски.

Тој рече од собраниската говорница дека планирал да се отсели од Македонија, но се предомислил бидејќи смета дека сите кои што се иселиле од државата се дел од неспосбните луѓе во државата

-Си реков не ја бива државата, ќе се обидам и јас. Барав опции да се иселам. Најдов физичка работа за плата неколку пати поголема од платата што тука би ја добива од најголемите мои амбиции. Со тешко срце одлучив да не си отидам, така ќе требаше да си признаам на себе дека сум неспособен да изградам живот за мене во оваа држава – рече тој.

За крај, краток уреднички коментар. Драг Павле луѓето 27 години се селат од Македонија само поради таквите како тебе. Неспособни политичари, без кичмењаци кои 27 години ја носат Република Македонија кон амбисот со цел да ги спасат своите тажни политички кариери. Таквите како тебе пред избори говорат едно, кога ќе седнат во фотеља качуваат на килажа и говорат друго. Уставот нели немаше да се менува, се беше во главите на вмровците? Пратениче подобро ти да си се иселел отколку како што велиш ,,стотиците неспособни млади луѓе” кои градат мостови во Германија, студираат на светските универзитети и имаат огромни научни откритија, лечат пациенти во Британија, чуваат грозје во Франција, додека ти во Собрание паламудиш за Северна и за ветената земја, наместо да ги засукаш ракавите и да работиш на остварувањето на предизборните ветувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This