April 24, 2024, 11:00 pm

ПАВЛЕ ГО ГPИЗE СОВЕСТА: Неефикacниот и непpименлив закон за јазици нема да не врати во 2001

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот пратеник Павле Богоевски го оцени тврдењето на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи дека нецелосното имплементирање на Законот за употреба на јазиците ќе не врати во 2001 како манипулативно, бидејќи во Собранието се гласало, како што вели активистот, само поради тоа што од ДУИ ветуле дека ќе се почитува мислењето на Венецијанската комисија. Тој ја оцени актуелната верзија на законото како „неефикасен и неприменлив“.


„Отворањето на Законот за јазици со цел негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија нема да нѐ врати во тензичните периоди од пред 2001 година. Но, празните предизборни закани од нови меѓуетнички тензии во комбинација со неефикасен и неприменлив закон се опасност која може да го стори тоа. Убеден сум дека добар дел од пратениците гласаа за сегашната верзија на законот само поради ветувањето на ДУИ дека истиот ќе биде усогласен со евентуалните забелешки на Венецијанската комисија“, вели Богоевски.

Во моментов Османи смета дека се што содржи во законот треба да се имплементира, додека мислењето на Венецијанската комисија, каде што истиот беше претходно испратен од Владата, смета дека не може да биде практично применлив во правосудниот систем и дека казните се високи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This