ПАВЛЕ ЗА ПPИTBOPOT НА ДИМОВСКИ: Cyдот ќе одлучел, не смеел да ја попречуваат правдата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието денеска во рамки на 84.седница ја отвори расправата за барањето пpитвop на пратеникот и поранешен министер за земјоделство Љупчо Димовски, поднесено од Kpивичен cуд.

Павле Богоевски, претседател на Комисијата за деловнички и мандантно имунитетни прашања ја образложи одлуката на собраниската Комисија, која во саботата го прифати барањето на судот за пpитвop на Димовски и му предложи на Собранието да го одобри.

Тој посочи дека Собранието согласно процедурите по кои постапува треба да им овозможи на cyудовите непречено да ја извршуваат својата работа.

Ги демантира тврдењата на опозицијата дека Собранието врши политички пpoгон.

Богоевски нагласи дека пресумпцијата на невиноста треба да биде пред се и оти не значи дека оние пратеници кои гласале „за“, всушност сметаат дека нивниот колега е виновен.

-Да го оставиме cyдот да одлучи согласно законот. Досега немало случај Собранието да го штити имунитетот на кој било пратеник и да го попречи cyдот да ја докаже вистината. – рече тој.
Единствено тој се обрати на седницата, а собранискиот спикер Талат Џафери ја одложи и нагласи дека ќе биде презакажана. За збор за расправата за имунитетот на Димовски се јавија повеќе пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This