ПАВЛИНА ЧЕСТОЈНОВА: Македонскиот народ не е искомплексиран! Искомплексиран е Никола Димитров и неговиот ментор Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот народ не е искомплексиран! Искомплексиран е Никола Димитров и неговиот ментор Зоран Заев кои мислат дека се поголеми демократи доколку се откажат и негираат се што е македонско, порача денес Павлинче Честојнова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Никола Димитров зема пари од граѓаните за да ги брани интересите на државата, а не за да го навредува сопствениот народ. Граѓаните кои дури го плаќаат и школувањето на неговата ќерка надвор од Македонија не заслужуваат и не смеат да бидат навредувани од вакви карактери. Никола Димитров на амандманската расправа го навреди сопствениот народ нарекувајќи го искомплексиран и за тоа треба да понесе одговорност, истакна таа.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Никола Димитров веднаш треба да поднесе неотповиклива оставка.

-Димитров откако ја погази волјата  на граѓаните на Република Македонија, сега се дрзна да ја навреди целата македонска нација. Договорот од  Преспа кој што го потпишаа Зоран Заев и Никола Димитров е штетен и капитулантски. Со овој договор Димитров и Заев ги лечат сопствените комплекси. Договорот кој насила се турка во Собранието ги урниса темелите на македонската држава и истиот не доби одобрување од граѓаните на Република Македонија. Граѓаните на референдум јасно кажаа дека не се согласуваат со штетниот договор на Заев и Димитров и со бришењето на македонскиот идентитет. Власта не доби мандат од граѓаните  за ова обезличување на македонскиот народ и урнисување на државата. Доколку Димитров нема патриотско чувство и црвени линии во себе,  македонскиот народ има. Токму затоа народот јасно и порача на власта дека не смее да го менува Уставот и уставното име на Република Македонија Покрај оставката Димитров треба веднаш да се извини за навредите и газењето на достоинството на македонскиот народ. Време е да си заминат и Димитров и неговиот ментор Зоран Заев, порача Честојнова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This