ПАДНАА И ПРВИТЕ ЖРТВИ ВО ГРЦИЈА: Двајца загинати во невремето во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Халкидики најголеми проблеми има на Стионија, каде се поплавени куќи и други објекти, соопшти противпожарната служба.

Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата, што предизвика проблеми во сообраќајот, а водата однела и едно возило, јавува грчката агенција АНА.

Реката Агион Николаосу се излеала од коритото.

Поради поплавата на Ситонија евакуирани се гостите на хотелот Аша марис кај местото Пиргадики. Гостите се евакуирани во хотелот Александрос и сите се добри. Автомобилите претрпеле материјална штета.

Лошото време го зафатило и селото Каналија во Тесалија, каде 30 куќи биле поплавени, пренесува „Катемирини“, а повеќе локални патишта се под вода.

Двајца мигранти загинале, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на автопат на северот на Грција, соопшти денеска полицијата. За време на незгодата паѓал силен дожд. Возачот на автомобилот побегнал и полицијата трага по него.

Лошите временски услови донесоа големи проблеми и поплави во уште многу места низ Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This