ПАДНАЛ КОАЛИЦИСКИ ДОГОВОР: На пописот ќе се бројат и иселените?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државна статистика бара решение како со пописот следната година да биде пребројана и дијаспората. Иако пописот како операција има за цел да обезбеди податоци за граѓаните кои живеат во границите на една држава, првиот човек на статистика објаснува дека во 2020-та ќе се бројат и лицата кои се отсутни повеќе од една година – оправданоста за тоа била олеснување за попишувачките тимови да ги изостават тие домови.

Директорот на Заводот вели дека предвидени ќе бидат три опции само да се евидентира дијаспората, меѓу кои и онаа членови на семејството да можат да дадат информации за оние кои се отселиле од Македонија. Но се наметнува и прашањето, како ќе биде покажан било каков идентификациски документ за да потврди автентичноста.

Дијаспората беше проблем во речиси сите пописни циклуси, особено во 2011-та, кога попис воопшто и не се одржа по бројните турбуленции и политички влијанија врз пописната комисија која подоцна си поднесе и оставка. Инаку досега во ниту еден попис не се користеле вакви податоци, односно по тогашниот закон не било овозможено со пописот да бидат опфатени и лицата кои се отсутни повеќе од една година.

Статистика предвидела дека како идентификационен документ ќе се признае и здравствената книшка и било кој документ на кој го има матичниот број, што според познавачите се отвора нов простор за манипулација со податоците.

Освен попишување на иселените во игра е и опцијата воопшто да не се евидентира етничка и верска припадност. Првиот човек на ДЗС вели дека токму тоа го политизирало и проблематизирало процесот.

Во петте пописни циклуси во историјата на Македонија ниту еднаш не била исклучена етничката припадност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This