ПАДНА БУГАРСКАТА ВЛАДА: Бојко Борисов си поднесе оставка по победата на Румен Радев за претседател на Бугарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот премиер Бојко Борисов поднесе оставка откако неговиот претседателски кандидат доживеа катастрофален пораз, од генералот Румен Радев кој важи за политичар кој сака да ги обнови добрите односи со Русија но и да ја задржи добрата соработка со ЕУ

borisov

„На првиот работен ден на Парламентот ќе ја поднесам оставката за мојата влада“, рекол Борисов на прес конференција вечерва.

Откако му честиташе на победникот, Борисов изјави дека овие резултати покажуваат дека тој и неговата партија ја изгубиле довербата од мнозинството.
„Резултатите јасно покажуваат дека владеачката коалиција нема мнозинство и не може да го изгласа новиот буџет“, рекол Борисов.

Радев се бореше против про-ЕУ кандидатот Цецка Цачева, а оставката на Борисов ќе значи и месеци на политичка нестабилност, а воедно и приближување на Бугарија кон подорби односи со Руската Федерација.

„Ова е победа на сите Бугари. Демократијата денес ја победи апатијата и стравот“, рекол Радев во обраќањето на националниот сервис БНТ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This