ПАДНА ЗАЕВ: Падна Катица, а на 12-ти април паѓа и СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е крајот на политичари со свиткани кичми. Денеска Зоран Заев поднесува оставка и истата не сака ниту да ја образложи, со што докажува дека и тој е свесен за штетата која што и ја нанесе на Република Македонија. Падна Катица, падна Заев а на 12 април паѓа и СДСМ, потенцира пратеникот Мицевски во Собранието на РМ.

Денес е денот кога Македонија и македонскиот народ ќе се ослободат од најнеспособната, најкорумпираната и најкриминална власт што ја имала до сега, изјави во своето обраќање во собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Денес е денот, кога Македонија ќе се ослободи од премиер на кој што лагата му е второ име. Премиер кој што од државата направи криминално дувло, држава која што не функционира во ниту една сфера.

Пред само 2 години, 7 месеци и 4 дена, Зоран Заев и неговите соработници кои денес се министри, функционери, градоначалници, ветуваа мед и млеко на македонските граѓани односно ветуваа „живот“ во Македонија.

Еве сме 2 години, 7 месеци и 4 дена подоцна, но од нивните ветувања немаме апсолутно ништо, посочи Мицевски.

Почитувани граѓани, има една добра работа, а тоа е дека денес и ова 2020 година времето на Зоран Заев и СДСМ поминува. Дојде крајот на поразите и срамот кој што овој човек им го приреди.

Денес Зоран Заев поднесува оставка и истата не сака ниту да ја образложи, со што докажува дека и тој е свесен за штетата која што и ја нанесе на Република Македонија.

Доаѓа време кога Македонија повторно ќе биде предводена од власта која што народот ќе ја одбере. Доаѓа време кога македонскиот народ ќе одлучи дека не сака повеќе криминалци, корумпирани и неспособни политичари.

Туку одговорни и посветени политичари кои ќе стојат гордо борејќи се за националните интереси и интересите на македонскиот народ.

Денеска е крајот на политичари со свиткани кичми.

Почитувани, падна Катица, падна Заев а на 12 април паѓа и СДСМ, потенцира пратеникот Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This