ПАДНА СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ, ЌЕ ПАДНЕ И САД: Рон Пол предупредува дека империјата на САД нема да трае уште долго и ќе се самоуништи во брзо време!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Доналд Трамп ги објавува своите успеси во носењето на финансиска стабилност, американскиот безобзирен долг и воената потрошувачка на крајот ќе доведат до пад на системот, и ќе изгорат како последните денови на Советскиот Сојуз, предупредува Рон Пол

Претседателот Трамп долго се фалеше дека своите работни навики ги довел во улога на водењето на САД, но ниту тој не може да ја запре претстојната економска криза, изјави бившиот конгресмен и кандидат за претседател на САД Рон Пол за РТ.

„Моето разбирање е дека нашата воена индустрија во САД не доведе до падот на советскиот систем. Тоа што се случи е дека Советите работеа со систем кој ние – на слободниот пазар – го гледавме како потполно непожелен“.

Говорејќи за своите верувања во австриската економија, Пол вели дека комунизмот, заедно со фашизмот, социјализмот дури и кензијанизмот (облик на економија популарен по Втората светска војна), не се одржливи системи и дека на крајот ќе завршат неславно, како и дека истото би можело да се случи и со САД и нивната милитаризација.

„Ќе имаме изненаден, катаклизмичен крај, нешто како што се случи со советскиот систем. Тоа нема да биде идентично, бидејќи постоеа некои сепаратистички движења кај некои земји кои го напуштија советскиот систем. Нашите држави веројатно нема да се раздвојат, но искрено верувам дека веќе нема да можеме да си дозволиме да ја шириме нашата империја ширум светот. Нашата империја, иако тврдиме сопствеништво над неа, има многу пари и влијание и ние се закануваме со оружје и користиме санкции за да можеме да ја одржиме империјата, но мислам дека на тоа му доаѓа крајот“, рекол Рон Пол.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This