ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА: Директорот на турскиот театар во Скопје си поднесе оставка поради „политички притисоци“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вршителот на должноста директорот на Турскиот театар, Наџи Шабан, даде оставка.

Тој во оставката адресирана до министерот за култура, вели дека се соочувал со притисоци и уцени и на овој начин изразува револт и протест против сите обиди за, како што вели, партизација на театарот.

„Како в.д. директор секогаш се стремев да обезбедам заедно со моите колеги минимум услови кои беа разрушени од претходната управа и во тоа успеавме да направиме максимум.
Екипата се комплетира со седум колеги од техничката екипа на Турски театар Скопје.
Го отворивме патот за новите млади актери (генерации) на кои им пожелувам успешна кариера со сето мое срце. Притисоците, уцените за кадровска политика, обидот за партизација на Турскиот театар и намерна опструкција на политичката ‘елита’ за непречена работа на Турски театар – Скопје, ме натераа да поднесам неотповиклива оставка на функцијата директор бидејќи сум професионалец, а ние, уметниците, знаеме кога е време и кој е начинот на протест сè со една цел: го кревам гласот против партизација и поделби наметнати од партизација на турските политички партии“, напиша Шабан на „Фејсбук“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This