ПАД ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО: Намален бројот на издадени одобренија за градба во јуни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради влошената економска состојба и бизнис клима во државата, намален е бројот издадени одобренија за градба.


Според Државниот завод за статистика, намален е бројот на издадени одобренија за градење во јуни во однос на истиот месец лани. Државниот завод за статистика денеска објави дека во јуни годинава се издадени 205 одобренија за градење што е за 10,9 проценти помалку во однос на минатата година.

Предвидената вредност на објектите изнесува 2.945.737 илјади денари што е за 22,6 проценти помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија, 117 се наменети за објекти од високоградба, 45 за објекти од нискоградба и 43 за објекти за реконструкција.

Кај 115 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 90 објекти, инвеститори се деловни субјекти.

Предвидена е изградба на 554 станови со вкупна корисна површина од 41. 505 м2.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This