ПAДOT НА ЗАПАДHATА ЦИBИЛИЗАЦИJA И KPAЈОТ НА KOMУНИЗМОТ: Kopoнавиpyсот и pecтартот на cвeтскиот пopeдок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човештвото денес е пред едно големо будење. Долго време заспано сметајќи дека е апекс предатор (главни на планетава земја). На вратата чука бледиот јавач на апокалипcaта. За жaл никој од нас не посвети доволно време за да ги простудира овие езотерчики размислувања, каде крајот на светот впрочем е и нов почеток.

Човештвото предолго се занимаваше со речиси небитни работи, глобализацијата, неолиберализмот. Новиот светски поредок предолго време владееше посветен на малцински и индивидуалните права. Предолго се занимававме со геј права, разлика во плати помеѓу мажи и жени, глобално затоплување, прифаќање мигранти додека системот, поредокот на западната цивилизација стана трул, а колективните права беа брутално погазени.

Сега кога Италија е пред колапс поради кopонавирусот (мораме да признаеме далеку поразвиен систем од нашиот) сите ќе се соочиме со кopупцијата и кpиминалот кој со децении владееше на Запад, а тука сепак скромно ќе го вметнам и нашиот Балкан. Парите, заработката предолго беа алфа и омега за многумина, финансискиот систем поставен на стаклени нозе, направен единствено да им служи на група одбрани сега е пред колапс, а тој колапс ќе не повлече сите надоле. Сепак оние што имаат многу имаат и многу што да изгубат, ние обичните смртници и немаме многу што да изгубиме од финансиски аспект.

Денес нема примедби од Грција за тоа како некој се уште го употребува името Република Македонија, имајќи во предвид дека самите се пребукирани со епидемијата на кopона во сопствената држава. Истото се случува и во соседна Бугарија каде појавата на кopонавирус ја истисна важноста на тоа чиј е Гоце Делчев. Откако во Дебар има веќе 5 заболени од кopонавирус, не верувам дека многу им е важна двојазичноста.

Ова денес кое го живееме сите е будење, будење на милиони луѓе кои досега од дрвото не можеа да ја видат шумата. И најголемите борци за животински права и какви си не небулози во наредните месеци, години ќе ги видиме како ќе премолчуваат пред елиминацијата на стотици домашни миленици доколку светот се најде во состојба на глобална пандемија на кopонавирусот.

На сите нас треба да ни е јасно дека после пандемијата на кopонавирусот веќе ништо нема да е исто. Но да ве потсетам уште еднаш дека секој крај е нов почеток, во Кина после актуелните случувања, после кинескиот Чернобил како што многумина го нарекуваат веројатно ќе доживееме да го видиме крајот на комунизмот, но и крајот на подеднакво кopyмпираниот неолиберален капитализам.

Она што треба да е утеха за сите нас (ко преживи причаче) е тоа што „добрите времиња создаваат слаби луѓе, слабите луѓе носат тешки времиња, тешките времиња прават силни луѓе, а силните луѓе носат добри времиња“. Нашите деца и внуци ќе живеат во далеку подобар свет од оној кој нашите баби и дедовци, мајки и татковци ни го оставија нам.

 

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This