ПАЗЕТЕ: Градски Паркинг и ПОЦ собираат автомобили и ги дислоцираат на низ градот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Фејсбук профилот Ѕид на сообраќајниот срам , една револтирана скопјанка раскажува како нејзиниот автомобил од прописно паркираното место бил преместена без никакво известување.

Ви ја пренесуваме објавата во целост:

Живеам во близина на Грчкиот конзулат во Центар и со налепница од ПОЦ колата постојано ја паркирам долж улицата Никола Тримпаре и улицата Мирослав Крлежа (кои спаѓаат во најблиската зона согласно мојата налепница). На ден 21.03.2018 (среда) околу пладне, колата ја оставив на местото означено со зелен X и следниот ден заминав на скијање. Се вратив во недела (после 4 дена).

Бидејќи не користам кола до работа (пешачам), вчера и денес претпоставував дека колата си е на местото каде што ја паркирав 6 дена претходно. Ама не била…

Сопругот околу 13 часот вчера (случајно, одејќи накај банка) ја наоѓа мојата кола на улица Владимир Полежански (зад трговски центар Буњаковец), локација означена со црвен X. Префрлена била од Паркинзи Центар (ПОЦ), по наредба на полиција, поради расчистување на улицата во време кога пристигнувал извесен грчки политичар уште на 23.03.2018 (петок).

Се е тоа во ред, можеби пречела колата (иако беше паркирана на исцртано место), ама изведено е БЕЗ ИЗВЕСТУВАЊЕ.!!!!

По бројот на налепница и бројот на регистрација, надлежните можеле да го најдат мојот телефонски број или адреса на живеење и да ме контактираат и да ми посочат каде ќе биде дислоцирана колата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This