April 20, 2024, 12:58 am

ПАК СЕ СОСТАНА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА: Од ново се пишува македонската историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Копретседателите на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, денеска во 16:30 часот во Клубот на пратениците ќе информираат за резултатите од дводневниот состанок во Скопје.


Во фокусот на македонските и бугарските историчари вчера и денеска се антиката и начинот на кој таа е прикажана во учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во C Македонија. Членовите на мешовитата комисија се обидуваат да ги усогласат ставовите за античкиот период и како тој дел од историјата во учебниците да биде прикажан на начин кој нема да биде навpeдлив за никого.

Претходниот состанок се одржа во Софија. Целта на состаноците, како што велат од комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото.

Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно членот 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу C Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Ангел Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This