ПАК СЛИКАЈТЕ ФИСКАЛНИ: Граѓаните ќе можат доброволно да го донираат повратот од „МојДДВ” во Буџетот за справување со Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата донесе Уредба за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од ДДВ за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ” во државниот Буџет поради справување со последиците предизвикани од коронавирусот.

Како што соопшти владината прес-служба, физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

– За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година, стои во соопштението за одлуките од денешната седница на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This