Палашев: ВМРО-ДПМНЕ ветува нови индустриски зони и отворање на нови работни места во Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само со силен и брз економски развој, ќе се развива и Велес . ВМРО-ДПМНЕ покажа во минатото како се работи кога се во прашање инвестициите и отворањето на нови работни места. Па така денес во индустриската зона Караслари работат повеќе од 700 наши сограѓани, а таа бројка дополнително се зголемува како што се зголемува и развојот на оваа индустриска зона, ова денеска преку изјава за медиумит го истакна Дејан Палашев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

-ВМРО-ДПМНЕ ја отвори и индустриската зона Мамутчево каде речиси сите парцели веќе се продадени и компаниите треба да отпочнат сo градба на објекти, каде ќе се вработуваат наши сограѓани. Но за жал, досега не е започната ниту една компанија да гради ниту да работи во оваа зона. А виновници за тоа се СДСМ и Ненад Коциќ затоа што во изминатите 4 години, Општина Велес не инвестираше ништо со што сопствениците на плацовите би можеле да отпочнат со градење. Тој и Аце Коцевски не успеаа за 4 години да ја изградат ниту основната инфраструктура, патна и комунална, за да може процесите да започнат, да почнат да се градат објекти и фабрики се со цел, да може нашите сограѓани да почнат да се вработуваат во истите. Ние навистина не знаеме како планираат да дојдат до бројка од 0% невработеност кога немаат ниту еден метар цевка или асфалт поставено за 4 години во веќе постоечка индустриска зона. Место кое има огромен потенцијал за развој. Ненад Коциќ и СДСМ најавуваат 0% проценти невработеност исто како што на времето ветуваа по еден вработен од секое семејство, и за жал, тоа никогаш не се оствари. За велешани останаа само празни ветувања, вели Палашев.

Тој додава дека но затоа сме сигурни дека, по доаѓањето на Марко Колев и ВМРО-ДПМНЕ, како приоритетен проект, се обврзуваме веднаш да се изгради основната инфраструктура во постоечката индустриска зона Мамутчево и отварање на нова индустриска зона Мамутчево 2 каде ќе можат да дојдат нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места.

-Работите не се решаваат со убави зборови и паушални ветувања. Не треба само да ветите 0% невработеност туку треба да знаете како ќе го направите тоа, за да имате лице после 4 години да застанете повторно пред граѓаните. Ние ветуваме дека со напорна работа ќе отвориме што е можно повеќе работни места и ќе донесеме многу повеќе инвестиции. Една од тие работи е и отварањето на индустриската зона Мамутчево 2. Ова во минатото се покажа како одлична стратегија, затоа и ќе дадеме силни заложби за инвестирање во овие сегменти. Затоа во Недела на 17ти, вашиот глас за Марко Колев и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од Зоран Љутков, е глас за нови инвестиции и нови работни места во Велес. Драги сограѓани, Велес ќе биде поубаво место за живеење, истакна Палашев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This