Палевски: ДУИ и етнички Албанец ни ја укинуваат историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Палевски во денешното гостување во „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, се осврна на актуелните настани во билатералните односи со Бугарија, поконкретно работата на Комисијата за историски прашања која со последната одлука со која пред неколку дена македонскиот јазик беше заменет со јазиk на Република Северна Македонија предизвика бурни реакции.

Палчевски рече дека овој европски интегративен процес ќе предизвика внатрешни деструкции во меѓуетничките односи.

„Не може од ДУИ министер да разговара, етнички Абанец да ги убрзува тие процеси, тие се надвор од секои норми и меѓународни политики, каде што прашање не може да биде само јазикот и историјата на една етничка заедница од многуте. Не може македонската историја и јазик да биде жртва за вкупен некаков бенефит во тие европски интегративни процеси. Дополнително што на клучни места за решавање на еден етнос што се уништува, административно се укинува, тоа е мојот етнос македонскиот, не може да ставиш припадник на албанската етничка заедница да преговара за историјата на македонската етничка заедница.“, рече тој

Палевски додаде дека само во наводници се решаават некои меѓусоседски односи, а во суштина се работи за „нуклеарна бомба“ во меѓуетничките односи, посебно меѓу Македонците и Албанците.

„Значи ДУИ и етнички Албанец ни ја укинуваат историјата“, потенцираше ПАлчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This