Палевски: Ова е причината за смена на Груевски и почетокот на политичката криза која трае до денес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одредени факти и докази се непобитни како и аргументите кои произлегуваат. Целата политичка сцена на Македонија е под хипотека и залог на големите банки и банкстери, освен можеби пунтото или уното на Груевски. Не само што имотите се стаени под хипотека. Буквално не постои премиер што не е дојден на власт без даден амин од овие банкстери, не може да се задолжи и да има пари ако нема амин од овие банкстери. Имаше еден политичар кој проба и имаше таков план и да ги тргне од сцена и го сменија.

Со финансиските зони, планираше еден политичар да ги ослободи од Македонија, бидејќи со селење на блокчеинот во Македонија значи се работи како идеја и реализација на Никола Груевски и Зоран Ставревски, практично да ги реализира, со која зона, голем број на азиски и европски банки но особено азиски, џинови од банки кои ќе можеа под поволна даночна стапка да ги преместат своите седишта во Република Македонија. Со тоа Македонија да создаде услови за алтернатива на Свифт системот во Европа. – во дискусија го објаснува Љупчо Палевски.

Еве на пример Кина си воведе неодамна своја криптовалута – крипто јуанот,  со која планира да го смени свифт системот во светот. Тоа беше визионерски проект на за кој постојат и материјали на седница на Влада и било планирано да биде лоциран во денешната касарна Гоце Делчев.

Тоа не е перење пари, туку враќање на парите од Девстени острови назад во Република Македонија.

Меѓутоа тоа е и еден од најголемите мотиви на атлантистите за политичка егзекуција на Груевски е визионерскиот проект и потег проектот е изработен од врвна економска консултантска куќа од Лондон, но проектот не е реализиран знаете од 2015 и 2016  година што се се случи. Народот си знае што се случи.

Сум се сретнал со Груевски и сме разговарале за слободната финансиска зона која е проект кој сум го барал за трета. Бидејќи заканите од банкстерите биле тогаш огромни, затоа и Никола не го реализирал.

Еден ден оваа зона што визионерски Груевски ја планираше и ова мора да се оствари, бидејќи таму е иднината на Македонија.

Најверојатно Грујо и Ставре пред време дури и истрчале. Борбата е на европскиот континент. Во врска со финансиските зони, требаше промени на Уставот, и беше дури и побарано мислење од Венецијанската комисија дала позитивно мислење. Банкстерите реагираат и тогаш ги стартуваат бомбите од прислушкувани материјали – нагласува Палевски

Во првата половина на 2016 година зоните повторно се актуелизираа. Требаше да се оди во Европската Унија и да се лобира дека овој проект не бил никогаш против Европската Унија, дека овој проект нема да смета на евроинтеграциите.

Ова е причина за политиката егзекуција на Груевски и поради што е почната политичката криза во Македонија.  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This