April 26, 2024, 11:51 pm

Палермо издвојува важна победа против Лече:Гол и асистенција за Трајковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски постигна погодок и забележа асистенција во триумфот на Палермо од 2-1 над Лече во 27. коло од втората лига на Италија.

„Сицилијанците“ привремено се искачија на втората позиција на табелата откако вечерва пред своите фанови ја добија пресметката со Лече.

Александар Трајковски го отвори резултатот, а на Македонецот му беа потребни само 180 секунди да ја затресе противничката мрежа и со прецизен удар по земја од врвот на шеснаесетникот донесе 1-0.

На стартот од вториот дел, Трајковски му асистираше на Пушкаш за 2-0, а пред крајот на мечот гостите стигнаа само до почесен гол преку Табанели во 95. минута.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This