Палестина за прв пат ќе одржи избори по повеќе од една деценија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Палестинските власти објавиле дека ќе ги одржат првите парламентарни и претседателски избори по повеќе од една деценија, во обид за ставање крај на затегнатоста меѓу движењето Фатах на претседателот Махмуд Абас и исламистичкото движење Хамас.

Последните парламентарни избори во 2006 година резултираа со изненадувачка победа на Хамас, што дополнително го продлабочи политичкиот јаз меѓу двете страни, по што Хамас го окупира појасот Газа во 2007 година. Хамас со години одложувал свикување на нови избори.

Палестинските власти, кои имаат ограничена моќ на окупираниот Западен брег, ќе одржат парламентарни избори на 22 мај, а претседателски на 31 јуни, соопштила канцеларијата во Абас.

„Претседателот им наложи на изборниот комитет и на сите државни органи да започнат демократски изборен процес во сите градови и татковината“, се вели во соопштението на кабинетот на Абас, алудирајќи на Западниот брег, Газа и Источен Ерусалим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This