ПАЛМЕР ЈА ЗАПОЧНУВА БАЛКАНСКАТА ТУРНЕЈА: Во посета на Албанија, средба со Еди Рама

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер доцна попладнево допатува во Тирана, во рамки на неговата балканска турнеја.

Целта на посетата е да помогне во наоѓање решение за излез од длабоката политичка криза во која се наоѓа Албанија.

Како што беше најавено, првата средба Палмер ја имаше со премиерот Еди Рама, која траеше еден час и половина.

– На средбата посебен акцент бил ставен на значењето што го има за иднината на Албанија почетокот на преговорите со ЕУ, како и стратешката улога што Албанија ја одигрува во НАТО, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.

Двајцата соговорници разговарале и околу дијалогот Косово и Србија, како и политичката состојба во регионот.

Америманскиот дипломат посебен интерес покажал за текот на изборните реформи во Албанија и го повторил апелот даден и претходно од Вашингтон и Брисел дека не постои ниту една причина да се „разговара за легитимноста на Парламентот и Владата”.

Во текот на утрешниот ден Палмер ќе се сретне со претседателот Илир Мета, како и со лидерите на двете најголеми опозициски партии, Демократската на Љуљзим Баша и на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади.

И додека Палмер се обидува да посредува во изнаоѓање решение за излез од политичката криза во оваа земја, обединетата опозиција се подготвува за „најмасовниот досега национален протест” закажан за 13 април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This