April 23, 2024, 10:27 pm

ПАМЕТНИОТ УЧИ ОД ТУЃИТЕ ГРЕШКИ: САД се спремни да ризикуват Светска војна, за да ја сменат владата во Дамаск и да постават марионети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако на почетокот на неделата американските власти ја прекинаа соработката со Русија во Сирија, одново на дневен ред во Белата куќа се акциите против Дамаск

avioni_sad

Сирискиот новинар и политички аналитичар Кеврок Алмасијан за Спутник изјавил дека најавата на САД дека ќе ја прекине координацијата со Русија е лажна, бидејќи од самиот старт не постоела никаква искрена соработка, со обзир на спротивностите на страните во окончувањето на сириската граѓанска војна.

Алмасијан смета дека Вашингтон веројатно не е заинтересиран за превенција на насилствата во Алепо, со обзир дека е задоволен со „статус кво“ ситуацијата и го поддржува Нусра фронтот, поврзан со насилената џихадистичка група Ал Каеда, додека Русите и Сиријците одлучија да го ослободат градот по секоја цена.
„Верувам дека Американците биле присилени да ја запрат таа соработка, бидејќи сметаат дека се осрамени пред своите сојузници, барем на Блискиот исток, а исто така се срамат и затоа што нивната стратегија во Сирија не функционира“, рекол Алмасијан.

Политичкиот пистел Дајана Џонстон се согласува со Аламасијан и вели дека САД за целото време имаат една цел, елиминирање на независната арапска националистичка влада во Сирија и поставување на марионетски власти под контрола на САД на тоа место. Таа смета дека тој план пропаднал и дека новата стратегија „еднострано уништување на Сирија“ е во акција. Продолжувањето на војната е во интерес на САД и нивните сојузници во регионот, односно Израел и Саудиска Арабија, вели таа.

„Тие сили се здружени за заеднички да ја уништат легитимната состојба во Сирија и тоа е она на што се работи“, вели Џонстон.

Разгледувањето на планот на администрацијата на Обама за директна кампања со бомбардирање на сириската војска е последица на губењето на предноста во регионот и војната во Сирија, смета Алмасијан. Претседателот на САД, меѓутоа, најверојатно нема да превземе такви драстични мерки особено кога на увид ќе се погледне односот на силите на терен кои се поместени кон интересите на сириската војска поддржана од Русија.
„Тоа е се што медиумите зборуваат во овој момент“, вели Алмасијан, „доколку Американците ја бомбардираат Сирија, мислам дека тоа ќе биде светска војна. Мислам дека тоа не е претерување“, предупредува тој, објаснувајќи дека директна интервенција би можела да биде доведена до непријатни последици. Џонстон пак е малку пооптимистична.

„САД веќе ги бомбардираа сириските војници, при што загинаа повеќе од 60, ранети се преку сто, а тие изјавија: O, боже не знаевме дека тоа сме го направиле’, во што мислам дека ниту една нормална личност не може да повеува. САД не сакаат да испратат пешадија, тоа е моменталната политика. САД сакаат да го уништат остатокот од светот од безбедна далечина“, истакнува таа.

Ако САД започне со бомбардирање, можноста е да се разгори уште поголем пожар, во кој од едната страна Русите ќе се борат против Американците, а од другата Саудијците со Ирачаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This