Пандемијата коси во Русија: Трет ден по ред над 40 илјади зapaзени со коронавирус дневно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 40 402 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починале 1 155 лица, соопшти тамошниот кризен штаб.

Ова е трет ден по ред како во земјата се регистрирани над 40 000 новозаразени лица во еден ден. Од почетокот на епидемијата во Русија се заразени 8 554 192 лица, од кои 239 693 починале, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Во моментов има 932 773 активни случаи.

Во последните 24 часа од нив оздравеле 23 187, или вкупно досега 7 381 726.

Во главниот град Москва се регистрирани 7 103 нови случаи на инфекција, или вкупно 1 824 494 досега.

Русија има ниска стапка на вакцинација, граѓаните слабо се придржуваат кон мерките на претпазливост, а Владата не е подготвена да ги заостри мерките.

Од 146 милиони жители на Русија, околу 45 милиони, односно околу една третина, се целосно вакцинирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This