ПАНДЕ КОЛЕМИШЕВСКИ ДО ТАЛАТ ЏАФЕРИ И ЗАЕВ: Најавеното референдумско прашање ќе биде крајно неточно, незаконско и нелегитимно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветеранот во македонското новинарство и актуелен уредник на весникот Нова Македонија, испрати отворено писмо до Талат Џафери во врска со најавеното референдумско прашање за кое тој вели дека ќе биде крајно неточно, незаконско и нелегитимно и ќе биде фалсификат што може да предизвика разни реперкусии.

– Ургентно укажувам дека најавеното референдумско прашање во кое ќе стои
зборот Договор ќе биде неправилно, крајно неточно, незаконско, нелигитимно,
ќе биде фалсификат што може да предизвика разни реперкусии. Владата на
Република Македонија (министерот за надворешни работи во нејзино име)
нема потпишано со Грција никаков документ што се именува Договор за името.
Собранието на Република Македонија нема ратификувано никаков Договор за
името со Грција. Официјалниот наслов на тој документ е : Конечната
спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и
845 (1993) на Советот на безбедност на Обединетите нации, за
престанување за важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за
воспоставување и за стратешко партнерство. Значи : има Спогодба, нема
Договор, вели Колемишевски во своето отворено писмо, кое покрај до Џафери и Заев го упати и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и сите пратеници во собранието.

Имено тој понатаму вели дека граѓаните би можеле на референдум да се изјаснат само за официјален документ, кој има официјално име, кое гласи Конечната спогодба, а не за некаков Договор кој како што вели тој не постои или можеби е документ кој е скриен и непознат за јавноста.

-Граѓаните на референдум може да се изјаснуваат само за она што е
официјален документ, што носи официјално име, поточно за Конечната
спогодба, а не за некаков Договор што не постои или можеби е друг, непознат
документ за јавноста.
Во текот на овие две недели во два наврата во весникот „Нова Македонија’’
пишував за погрешното именување на постигнатата спогодба со Грција за
името. На 24 јули објавив отворено писмо до претседателот на Собранието
Талат Џафери, до претседателот на Владата Зоран Заев и до министерот за
надворешни работи Никола Димитров. Писмото го доставив и во напишана
форма во архивите на трите институции за што имам и нивни потврди.
Во писмото укажав дека Спогодбата што е потпишана во грчка Преспа
погрешно се именува со зборот Договор. Објаснив и образложив дека
договореното со Грција не може да се нарече Договор затоа што е постигнато
низ процес за медијација, а во медијацијата тој термин не постои. За жал, на
моите укажувања не им е обрнато внимание, иако не станува збор само за
формална, туку за суштинска разлика.

Ваквата анализа на долгогодишниот новинар Панде Колемишевски отвора нови сомнежи за манипулации на власта со јавноста и граѓаните. Дали можеби зад кулисите е потпишан некој друг Договор кој е именуван со ова име, а Спогодбата која ја потпишаа Димитров и Коѕијас се само парче хартија со кое треба да се замајува јавноста. Да се потсетиме дека првичните пишува на грчки медиуми во однос на престојниот договор кој требаа да го потпишат двете земји беше всушност некоја мека верзија на Федерација помеѓу Грција и Македонија. Оваа идеа не е нова, а истакнати членови на СДСМ и левицата во Македонија ја пропагираа се до раните 2000-ти години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This