Пандов: ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава максимална поддршка на пpoтecтот за Уставобpaнителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно” зборуваше за протестот кој е планиран да се одржи во сабота на 29 мај, кој претставува протест за Уставобранителите и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија заедно со сите органи ќе го поддржи овој протест за Уставобранителите.

-Максимална поддршка ќе добие овој протест како и минатиот што беше на 25 Април. Сега овој протест ќе биде на 29 Мај во сабота од 18:30 часот пред Влада. Максимална поддршка ќе добие протестот од ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи го и Патриотскиот институт вклучувајќи ги и сите тела на партијата, комплетното раководство ќе биде присутно повторно и така натаму, рече Пандов.

Тој во текот на своето гостување во врска со овој протест укажа дека Уставобранителите се максимално непреведно осудени.

-Се работи за политички осуденици кои според мене и според партијата ВМРО-ДПМНЕ, максимално се неправедно осудени, односно осудени со политичка намера да му овозможат на Зоран Заев да го промени Уставот. Во тој пакет на притворени луѓе кои што за да си добијат слободата, затоа што и на нив им висеа над глава по 15 годишни затворски казни тие луѓе го дадоа својот глас тогаш за промена на името, спротивно на референдумските искажувања на граѓаните на Република Македонија, спротивно на желбата на граѓаните. И по пат на такво заплашување и на таков политички притисок, обвинителско-судски со Русковска и Кацарска успееја да го издејствуваат тоа како политичко, а од друга страна браќата останаа притворени, подоцна осудени и затворени на 15-20 годишни казни, кажа Пандов.

Пандов потенцираше дека за да почне било каква правда во Република Македонија потребно е овие луѓе да добија правично и фер судење.

-Ние мислиме дека за да почне било каква правда во Република Македонија број еден услов е тие луѓе да добијат правично и фер судење, не се бара нивно ослободување, не се бара милостиња од Зоран Заев, се бара оние неправди кои се направени судско-обвинителски да бидат исправени, додаде Пандов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This