ПАНДОВ: Во Македонија владее хунта, СДСМ и Заев знаат само за насилие и уцени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта по дефиниција е хунта. Тргни од самиот почеток како е избран претседателот на Собранието со 58 или 59 гласа и сите постапки понатаму. Референдумот каде најотворено се гази изразената демократска волја на граѓаните а тоа е отфрлање на оној договор од Нивици, до ова последното испраќање на договорот од Нивици во Службен весник и договорот за двојазичност. Тоа е едно насилие политичко кое што е нормализирано во Република Македонија, вели аналитичарот Александар Пандов во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Пандов додаде дека очекува со промена на власта ќе бидат променети овие штетни политики на СДСМ и ДУИ.

Тој потенцираше дека нема ништо против Законот за употреба на јазиците или познат како Закон за двојазичност, односно како што рече тој ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговите изјави не кажал дека има нешто против овој закон, но побарал да се седне и да се разговара се со цел да се направи закон прифатлив за сите и да е согласност со законите и Уставот на Република Македонија.

-Никој од нив не рече дека не треба да се донесе закон, дека не треба да се седне. Но, дајте барем да видиме што е според закон што е според устав и тоа така да се направи. Ова сега беше направиме е сега ние можеме и ќе направиме како што сакаме, изјави Пандов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This