ПАНДОВ ГО ИЗБРИША ПОДОТ СО ЈОСИФОВСКИ И ХАЛИЛИ: ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено победи на овие избори и ќе формира Влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено победи на овие избори и ќе формира Влада, истакна аналитичарот Александар Пандов во „Аргументи“ на ТВ НОВА.

pandov

Тој потсети дека Македонија беше под притисок од претходните избори што се спроведоа пред две години, меѓутоа, како што рече, јасно било дадено до знаење дека земјава има капацитет за спроведување фер и демократски избори.

„Македонија беше под притисок од последните избори во 2014 година. Да потсетам, тогаш тврдеа дека има нерегуларни дупли гласови, така и сега, обвинуваа дека има 150 000 фантоми, но сите тие работи паднаа во вода. Јасно е дека Македонија има капацитет за организирање на фер и демократски избори“, додаде Пандов.

Тој посочи дека во Македонија има „фолклор“ традиција во која СДСМ на сите избори излегува да слави, без разлика што имаат 20.000 гласови помалку на своето конто. Сепак, рече Пандов, сите прашања ќе бидат разрешени.

„Ќе биде конституирано Собранието, од страна на Државната изборна комисија ќе биде официјализирана изборната единица број 6 и со самото тоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 51 пратеник, со што се најбројна пратеничка група во Собранието, додека СДСМ имаат 49“, истакна Пандов.

Политичкиот аналитичар додаде и дека не се согласува со тврдењата на опозицијата и нејзините истомисленици дека оние што гласале за други политички партии гласале против актуелната власт.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This