ПАНДОВ PACПАЛИ: Рашковски го прави новиот список на oбвинитeли и cyдии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мафијашите кои се занимаваат со организиран криминал и корупција секогаш имаат огромен интерес токму тие да бидат ликовите кои ќе го прават изборот на обвинители и судии. Причината за тоа е многу едноставна, ако бидат откриени нивниот апашлук, од нив избраните обвинители да не покренуваат обвиненија или истите да ги равлекуваат и разводенуваат, а подоцна судиите да не ги осудуваат.

Одличен пример за ова е поранешното СЈО. Се изнапика мој до моега, почнувајќи од специјалната, која да ве потсетам со татко судија, студирала 7 години и завршила со просек 6,24, преку деца, братучеди, внуци, жени и швалерки, до партиски потрчковци и бивши затвореници како Боки Бургија. На сето тоа си делеле плати по ,,потреба”. Таков е критериумот и пристапот на мафијата!

Деновиве со европско знаменце, а во организација на Драги ЛЕОНАРДО Рашковски, лик против кого е покренато обвинение за местење тендери, а е генерален секретар во Влада и десна рака на Зоран Заев, со кастинг еднаков на тој во СЈО, каде родовата и партиската припадност беа единствен клуч за вработување, тргнато е по истиот принцип да се вработат нови обвинители и судии. Единствената разлика сега е што наместо притворената Катица да го носи списокот на оверување кај Заев, овој пат тоа да го прави обвинетиот Рашковски.

Конечно деновиве по медиумите врти список со мал дел од вработените во СЈО во кој се гледа дека двајца од поистакнатите заменици на Катица, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и си вработиле по двајца први братучеди/ки, а тврдам дека кога ќе се појави и останатиот список на вработени во СЈО, двјацава имаат уште по некој свој! Јовевски како нивни со ова нема проблем, а двајцава како гледам уште помалку имаат намера да поднесат одговорност. Па да прашам ќе има ли некаква санкција према нив? Меџународна што вика, вака ли ќе одиме во ЕУ?
#НемаПравдаНемаМир

Мафијашите кои се занимаваат со организиран криминал и корупција секогаш имаат огромен интерес токму тие да бидат…

Posted by Александар Пандов on Friday, September 20, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This