ПАНИКА ВО БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ: Цела Бугарија, членка на НАТО и ЕУ се крена против Миленко Неделковски и Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема врева се крена во медиумите кај нашиот источен сосед, по вчерашниот патриотски акт на Миленко Неделковски кој самоиницијативно со својата екипа се искачи на врвот Кајмакчалан и ја отстрани незаконски поставената плоча во спомен на загинаите бугарски војници, која била поставена уште во Мај годинава од страна на неколкумина припадници на безбедносните сили на Бугарија и нивниот генерал

 

bugari_cigani_milenko

Наместо извинување од Бугарија за ваквиот срамен, недоличен, недржавен чин на бандитско, нелегално поставување на оваа спомен плоча од страна на илегалци од бугарската армија во Македонија, бугарскиот министер понуди награди за војниците кои практично извршија агресија на Македонска територија.

Таа неправда, вчера ја исправи Миленко Неделковски, во отсуство на акција од ресорниот министер за одбрана во Македонија.

milenko_kajmakcalan-3

 

Паниката во бугарските медиуми настана утринава, уште кога во утринската емисија на БНТ во прилог беше објавен ФБ профилот на Миленко Неделковски, а неговиот патриотски чин во бугарската јавност беше протолкувана како „варварство“, притоа во ниту еден момент не нагласија дека илегалците од Бугарската армија всушност на варварски начин практично извршиле терористички чин со нелгалното поставување на спомен плочата на Кајмакчалан, па дури и дрско побараа извинување од Македонија. Спротивно, тие во ниту еден момент не планираа да се извинат, дотолку повеќе што нивните власти најавија ордени за храброст и награди за илегалците.

 

Не само БНТ, туку и бугарската новинска агенција „Фокус“ објави текст во кој беа искажани низа навреди и напади кон Миленко Неделковски но и кон Македонската држава.

Прво, во почетокот на текстот Македонија ја именуваат со условното име „Поранешна Југословенска Република Македонија“ заборавајќи дека Бугарската држава ја има признаено Македонија под уставното име, а со самото тоа прекршувајќи го законот.

Понатаму текстот полн со лаги продолжува со невистини во врска со споменикот. Имено, тие тврдат дека Миленко не ја уништил плочата, покажувајќи го на сликата малиот обеликс (кој е бугарски споменик), за кој лажно тврдат дека бил граничен камен. Вистината е дека тоа е мал споменик направен одамна со дозвола од Македонската држава, и тој не е воопшто оштетен. Понатаму тврдат дека спомен плочата била уништена пред Неделковски да се качи горе. Тоа е обид да ја манипулираат јавноста.

Понатаму тврдат дека, спомен плочата била итно уништена откако бугарските власти разбрале за нелегалните активности на војниците, во обид да ја манипулираат јавноста, а забораваат дека токму нивната влада и министер нудеа награди за илегалците. И, зошто ако тие веќе го уништиле не објавија, туку се крена прашина кога тоа го направи во патриотски акт Миленко Неделковски.

За да ќарат во овој момент се обиуваат и дел од медиуми и корисници на социјалните мрежи. Тие тврдат дека бугарската плоча не е воопшто уништена, туку дека е уништена српска плоча.  iNFOMAX.mk нуди облог во 10.000 евра за тоа дали е срушена спомен плочата бугарска, или српската? Ако некој е спремен, веднаш одиме на Кајмакчалан!

srbin_ploca

 

 

Кога цела држава членка на ЕУ и НАТО ќе се крене заради еден ФБ статус, јасно станува дека актот на еден Македонски патриот страотно ги заболел.

 

tatari_kajmakcalan-1

Од другастрана, што е со извинувањето на Бугарија за нелегалниот акт на нивните војници, каде е извинувањето за крадењето на Македонската историја, извинувањето за навредливите табли кои ги поставуваа долж патот кон бугарската граница?

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This