ПАНИКА ВО КИЧЕВО: Граѓаните се сомневаат дека се крие вистинската бројка на заразени со Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што од ден на ден се зголемува бројот на новозарезени лица со Ковид-19 во државава, така расте стравот кај населението. Кичево беше еден од градовите кој што на 12 –ти мај министерството за здравство го вброи на листата на региони во кој што повеќе нема активни случаи,а претходно имало 3-ца заболени.

Од тогаш изминаа повеќе од две недели, а во статистиката и секојдневите билтени на Институтот за јавно здравје меѓу градовите со новозаболени регистрирани лица Кичево го нема.Но, во градот владее паника,во чаршијата се зборува дека заразата се проширила кај голем број кичевчани.

-Зошто не го спомнувате Кичево кога има позитивни и тоа повеќе ?
Што се случува со Кичево има позитивни и вчера и денеска, а не ги спомнувате?-пишуваат кичевчани на социјаните мрежи.

До нашата телевизија со допис се обратија група кичевчани кои тврдат дека во компанијата за автомобилски сигурносни производи, Џонсон Сејфти Системс има големо жариште на коронавирус, и оти се молчи за да не се затвори фабриката.
Алфа за ова побара инфомација од менаџерскиот тим на компанијата.

Во нашата компанија ковид 19 е регистриран кај само едно лице,но нема простор за паника.Од самиот почеток се почитуваат преопрачните мерки за заштита од коронавирусот,а повеќе пати во денот се прават котроли дали работницирте ги почитуваат и применуваат заштитна опрема. Повеќе заради претпазливост во домапна изолација се одреден број вработени, точна бројка не знам.Фабриката засега работи нормално,согласно распоредот и без прекин – велат од фабриката.

Од Центарот на јавно здравје Битола информираат дека заклучно со денешниот ден во подрачната единица во Кичево земени се вкупно 111 брисеви.
– Позитивни резултати за Ковид -19 се добиени кај 3 лица, од кои 2 се оздравени,а кај 1 лице болеста сеуште е во тек и тоа се наоѓа во домашно лекување. Во моментов вкупно 24 лица се водат под здравствен надзор во домашна изолација во траење од 14 дена – велат од Центарот за јавно здравје Битола.
Според денешните статискичките податоци на МВР пак,до овој момент во излоација се 20 лица од Кичево,а во самоизолација едно лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This