ПАНИКА ВО МЕДИУМИТЕ НА СДС: Сдсмовските медиуми со еуфорични наслови во обид да му го кренат рејтингот на Шилегов- сепак признаваат дека Трајановски е фаворит!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со текстови со еуфорични наслови, „Шилегов за Скопје, растура во анкетите“, медиумите блиски на СДСМ се обидуваат да му го кренат рејтингот на пратеникот и поранешен портпарол на СДСМ, Петере Шилегов.

 

Мирјана Најчевска, која неодамна беше наградена за учеството во Шарената револуција со функција во Советот за реформа на правосудниот сектор, е незадоволна од кадровските решенија на СДСМ.

Најчевска забележува дека наместо со сероизен пристап кон локалните избори, со промовирање сериозни и незивалкани кандидати, СДСМ се обидува да им го крене рејтингот и да им го обели образот на личности заглибани во криминал.

Според главниот медиумски стратег на СДСМ, бранко Героски, Шилегов растурал на анкетите, но тоа што го премолчува Героски е дека Шилегов бил најдобро рангиран помеѓу кандидатите на кои СДСМ ги проверувал на нивните интерни анкети, а кој би можел да ми се спротивстави на Трајановски.

Сепак, Героски премолчува дека токму Трајановски е единствен фаворит за градоначалник, со рејтинг далеку поголем од Шилегов, кој патем според одредени анкети „растурал“ до тој степен што ниту на тие внатрепартиски сондажи не бил прв избор, туку Стево Пендаровски котирал подобро од него.

 

САШО ОРДАНОВСКИ ПРЕДВИДУВА ПОРАЗ НА СДС: Ордановски ги потврди анкетите – Коце Трајановски ќе се „прошета“ на изборите!

Драмата низ којашто поминува СДСМ три месеци по формирањето на Владата е драмата на нивната кадровска политика, пишува Сашо Ордановски, една од главните медиумски перјаници на СДСМ. Човекот кој жестоко го бранеше Зоран Заев и врвот на партијата, вчера излезе со остра критика и посочува дека во СДСМ се случува драма.

Ордановски во колумната објавена на ПлусИнфо пишува дека незадоволството од СДСМ кај јавноста е огромно.

-По стотина дена на власт, незадоволството од кадровската политика што, низ меѓусебните преговори, ја водат Заев и Шекеринска (а потоа и со целата владејачка коалициска какофонија) е големо: во разни ешалони на партијата им врие, јавноста се забавува или се иритира со разни прва-рикверц кадровски решенија и на важни и на помалку важни места, во цели сектори (во здравството, на пример) разочарувањето е речиси превладувачко чувство, пишува тој.

Особено става акцент на битката која ќе се води за град Скопје на претстојните локални избори.

-На пример, мене не ми влегува во глава како може таков партиско-политички механизам како СДСМ, на само неколку недели пред изборите, да не знае кој им е кандидатот за градоначалник на Скопје?! Па, таа личност би требало да се знае барем со месеци, ако не и со години однапред, особено за партија која никогаш, од осамостојувањето до денес, не владеела со главниот град во државата (или можеби токму поради тоа)! Личните урбани, политички, културни, бизнис и други визии и релации на кандидатот за градоначалник на Скопје, жена или маж, се работа за која граѓаните на столицата имаат право да знаат многу порано од дваесетина дена во некаква трчи-мочај изборна кампања. Ете, кај ВМРО тој кандидат повторно е градскиот хаусмајстор Коце и за него нема човек од Скопје кој нема формирано мислење – Коце, ако јас се прашувам, би можел и дома да си ја отседи целата изборна кампања, оти неговиот ментален склоп и лопата-периметар се познати до болни детали. Вака, наместо да се занимаваме со евентуалните градски светогледи на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, јавноста целата изборна кампања веројатно ќе ја помине во валкани препукувања по социјалните мрежи, шпекулирајќи за внатрепартиските кујни во владејачката партија. Тој, лош, филм во СДСМ го гледаме веќе триесетина години, пишува Ордановски.

Според анкетата на „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

ТРИ СТАНА ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Шилегов од „борбата против режимот“ излегол со 200.000 евра плус!

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This