ПАНИКА ВО СДСМ: Јавното обвинителство повикало 70 сведоци за незаконско финансирање на СДСМ, паника на Бихаќка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паника во редовите на СДСМ се случи откако Основното Јавно обвинителство доставило покани до функционери на партијата за сведочење во врска со лажниот финансиски извештај, и криминалното финансирање на предизборната кампања

obvinitelstvo_pokana

Во текот на изминатата недела заврши периодот во кој партиите беа должни до надлежните институции да достават финансиски извештаи за потрошените средства во текот на предизборната кампања, а истите да ги објават и во јавност.

Според правниците, лажниот финансиски извештај има најмалку три големи основи за подигнување на кривични предмети против партијата, меѓу кои се деловите од финансискиот извештај за пари потрошени за транспорт, за печатени рекламни материјали кои според СДСМ биле нула денари, и лажните податоци за рекламирање и пропаганда во медиумите.

Во ОЈО досега се испрашани преку 70 сведоци, во постапка за лажно давање на податоци во финансиските извештаи на партијата. Јавното обвинителство извести дека започнало истрага против една партија, како и против една фирма која е под сомнение за злоупотреба на пари за послдните избори кои се одржаа на 11-ти декемри.

ОЈО известува и дека делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборната кампања и давање на лажни податоци во финасиските извештаи.

„Во рамките на постапката досега се преземени претходни дејствија, побарана и прибрана е материјална документација, релевантни писмени докази, а во простроиите на ОЈО сослушани се повќе од 70 сведоци.“ – стои во објаснувањето на ОЈО.

Истрагата на ОЈО е причина за паника на Бихаќка. Нивните медиуми уште денес започнаа со кампања за оцрнување на обвинителството, обидувајќи се да манипулираат со јавноста дека всушност не се работи за вистински криминал, туку за политички реваншизам, што е веќе добро позната тактика на СДСМ и соросоидите кои секогаш кога се соочени со лицето на правдата, се обидуваат да манипулираат со вистината и преку нереди да избегнат одговорност.

Не е прв пат СДСМ да бега од одговорноста преку манипулирање на јавноста. Претходно партискиот лидер обвинет за шпионажа и велепредавство, но и за примање на поткуп одбиваше да присуствува на судските рочишта, а притоа се закануваше со немири доколку биде законски спроведен.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This