ПАНИКА НА ВОЛСТРИТ: Светот за момент престана да дише по утринската паника на Волстрит!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паника завладеа синоќа на Волстрит, каде што главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија, за која претседателот на САД, Доналд Трамп, редовно упатуваше пофалби. Си-Ен-Ен нагласува дека „со години на Волстрит немало толку страшен ден“ и оти акциите биле во „слободен“ пад.

Dow Jones Industrial Average нагло падна во вториот дел од денот и во помалку од еден час премина прагови од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Тоа е најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008 година. Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Dow Jones падна за околу 4,60 отсто.

Технолошкиот индекс NADAQ загуби 3,78 отсто, додека S&P 500 во кој се 500 најголеми компании на берзите во САД, 4,10 отсто.

Остриот пад на индексите е последица на стравувањата на инвеститорите од раст на инфлација и камати. И минатата недела, цените на акциите паднаа откако беа објавени податоци за голем раст на вработеноста и платите во САД. Тоа би можело да ја поттикне потрошувачката, а со тоа и инфлацијата, што може да ја наведе американската Централна банка да го забрза темпото на зголемувањето на клучните каматни стапки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This