Паниka во Србија: Закажана седница на Kpизниот штаб поради порастот на бројките на новозaболени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа во Србија за коронавирус се тестирани 8.405 лица, а од нив 118 биле позитивни, а едно лице починало.

Четири пациенти на респиратори, соопштија од српскиот Кризен штаб.

Вчера, од вкупно 4.874 тестирани, имало 69 потврдени случаи, две лица починале, додека шест биле на респиратори.

Премиерката Ана Брнабиќ најави дека утре ќе се одржи седница на Кризниот штаб на која ќе се разговара за моменталната епидемиолошка состојба.

Брнабиќ вели дека не е важно само да се покрие над 50 проценти од возрасните граѓани со вакцини, туку дека е неопходно да се апелира до младите да го сторат истото.

Таа повтори дека Националното тело за имунизација (НИТАГ) ќе ги заврши своите студии за потребата од трета доза на 23 јули и дека ќе даде препорака за тоа до кризниот штаб до 1 август.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This