Пановски бpyтален, Миа Костова го сподели: Пpeлежаните 6, 7 пати поретко зaболyвaaт од вakциниpaните, oд антивакcepите пoлoши се само вakциналните фaнaтици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Koментар на доктор Никола Пановски на Фејсбук ги зовре социјалните мрежи. Имено Пановски спротивно на тврдењата на Венко Филипче тврди дека природниот имунитет многу подобро штити од коронавирусот, отколку вакцината.

Фактот што Пановски потенцираше дека полоши од антиваксерите се само вакциналните фанатици, ја натера и познатата инфлуенсерка Миа Костова да го сподели истиот.

-Вашиот омилен доктор или не ви се допаѓа повеќе? Да најдеме друг ако не ви чини ова негово обраќање? Мислам дека се крстевте во неговите препораки и константно беше реален, се радувам што така продолжи и покрај притисокот. Последната реченица е мх мх мх

-Целта не бира средства. Не е во ред со вакви настапи да се води вакцинална кампања. Вистината веќе е излезена на виделина, се дава материјал на антиваксерите. Израел сега дава трета доза, ние за две три недели. Зошто? Заради долготрајниот поствакцинален имунитет, а не поминаа ни 6 месеци! Бројките се неумоливи. Израел призна, прележаните за 6,7 пати поретко оболуваат од вакцинираните. Кај нас прашувал колку лица знаете вакцинирани во последниве 4 месеци заболени од ковид? Јас знам преку 20, а прележани за 18 месеци 2. Или биле 10 проценти само од сега активните комплетно вакцинирани, така вика министерот, а тоа се 600 лица. А нема да најдете 600 лица за 18 месечен период од 150 илјади прележани. Др Kуглов епидемиолог од Харвард, коавтор на Барингтон декларацијата: Од антиваксерите полоши се само вакциналните фанатици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This