April 25, 2024, 12:00 pm

Пановски до власта: Со седење во канцеларија не се наоѓаат вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите средства треба да се употребат при набавка на вакцини, сите методи, па дури да се употребат и луѓе кои што играат и голф со газдите на фармацевтските компании или оние кои пијат кафе со нив еднаш неделно. Мора да се излобира на сите страни за да дојдеме до вакцини, рече епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Микробиологот Никола Пановски истакна дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата, приватно и забележа дека Македонија нема амбасадори во периодот на пандемијата во клучни земји.

Имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовакс“ вакцина, предлог договор до македонската влада на која не одговара. Мене тоа на приватниот меил ми го имаат испратено – рече Пановски.

Помала доза од британскиот сој на вирусот, посочи тој, е потребна за да предизвика болест.

Тоа што порано го викавме два метри растојание не е доволно во затворен простор. Сега со маски веќе не е сто отсто безбедно, а се смета дека со овој сој не е безбедно на два метри двајца да зборуваат без маски, ако едниот е инфициран. Да не зборувам за кашлање и кивање, доволно е зборување, за да достигнат тие аеросоли, што не беше претходно можно, Клиничарите кажуваат дека кај британскиот сој на вирусот поретко се губи чувството за мирис и вкус, поизразена е кашлицата. Многу повеќе се лепи за носот, побрзо продира низ клетките – рече д-р Пановски.

Според него, законот треба да се смени, треба да не се носат маски таму каде не може да се пренесе вирусот и да му се олесни на народот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This