April 19, 2024, 11:23 am

Пановски: Дa ce мoтивиpaaт лyѓeтo дa излeгyвaaт нa oтвopeнo, a нe дa ce coбиpaaт вo кaфyлињa и мoлoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има ли фајде од полициски час од 22 навечер до 5 часот наутро, односно какви ќе бидат ефектите од него, ќе анализира Комисијата за заштита на населението од заразни болести на седница деновиве, по што ќе се утврдува дали треба да се воведуваат дополнителни мерки и рестрикции.

Дотогаш, здравствените власти апелираат граѓаните да ги почитуваат заштитните мерки што се на сила, како полицискиот час што ќе остане и во наредните две недели, носење маска и избегнување на групирање. Болниците се полнат забрзано што беше причина дополнителни болнички капацитети на клинички центар кои не биле употребувани во ноември, да се стават во функција сега, за да се пронајде кревет повеќе.

Микробиологот професор доктор Никола Пановски, за „Слободен печат“ вели дека со полицискиот час кој е на сила од 22 до 5 наутро, не се влијае на економијата негативно, но многу е важно дали младите останатото време го користат за да излегуваат на отворено, или пак се собираат на затворено.

-Доколку се мешаат и влегуваат во молови и кафулиња, тоа е катастрофално. Надвор вирусот не се шири. Освен полицискиот час, други мерки според мене што треба да се донесат е тоа да се затворат сите молови и кафулиња за викенд и да се мотивираат сите да излегуваат на отворено и да не се собираат на затворено. Значи, не да се ограничува слободата на движење, туку да се ограничува каде населението ќе го поминува времето. Треба да се надвор, да шетаат. Мислам дека бројот на заразени ќе се намали тогаш кога ќе се појави страв поради голем број починати, 25 до 30 дневно. Се создава некој вид на имунитет секој ден има по 1.000 нови заразени, тоа се 30 илјади месечно. Има трипати повеќе што не се откриени. Меѓутоа, ова го плаќаме со голем број на жртви. Најсовршено би било да се затворат сите несуштествени дејности, ама тоа економски е неможно, рече професорот Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This